“Секс-туристи” од Турција се пожалија од односот од страна на вработените на аеродромот во Екатеринбург. По соборувањето на рускиот авион Су-24 од турски F-16 односот кон странците нагло се промени, тврдат бизнисмени кои и предходно патувале по работа до рускиот град. Според жртвите, вработените во секторот “пасошка контрола” веќе не кријат презир кон турските граѓани кои пристигнуваат на аеродромот.

20151128.bgrjuitwmb

Таков случај има од денеска наутро, кога при преминувањето на пасошката проверка биле приведени неколку граѓани на Турција. При појаснување целта на посетата им во Русија, вработениот на аеродромот им изјавил : “Целта на вашата посета – секс-туризам? Со каква цел сте пристигнале тука? Во кој хотел ќе остане? Вие не сте живееле во Екатеринбург! Не доаѓајте повеќе! Одете во Европа или во Сирија “, ги цитира сајтот 66.ru зборовите на Евгенија – Русинка, чиј сопруг е турски банкар. Тој пристигнал во Русија по петти пат и тврди дека е заинтересиран за историјата и културата на Урал.

Ким Јонг Ун со нова директива: Сите мажи со мојата фризура !

“Можете ли да замислите што мислење ќе има понатаму за Екатеринбург, Русија и Русите? Ужасно ми е срам дека во мојот омилен град, на мојот некогаш омилен аеродром сега работат такви луѓе”, коментира емоционално Евгенија.

Од прес-службата на аеродромот “Колцово” известија дека не се обучуваат вработените да имаат посебен или негативен став кон пристигнуваат странци, особено оние од Турција. Во исто време МНР на Турција ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во Русија, освен ако тие не се императив. Министерството за надворешни работи ги советува луѓето да се држат подалеку од Русија, додека не се регулират односите меѓу двете земји.

Руско-турските односи се влошени по соборувањето на рускиот авион Су-24 од турски F-16 на 24 ноември. Следниот ден пред амбасадата на Турција во Москва се собраа над 600 лица, кои фрлаа со јајца врз дипломатското претставништво под шума од напишани плакати: “Нож во грбот”, “Никогаш повеќе во Турција”, “Турција = ИД”.

Слични содржини