Сексот и сонот се најважни за среќа, парите немаат ништо со тоа

од desk2

Истражување на британскиот Национален центар за социјални истражувања покажува дека сексот и спиењето се најважни за чувството на среќа и благосостојба, а дека парите немаат ништо со тоа.

Студшјата во која учествувале 8.250 Британци покажа дека зголемувањето на личниот доход има мало влијание на чувството на среќа, а дека квалитетниот сон и сексуалниот живот најмногу се поврзани со среќата и благосостојбата.

Луѓето кои во текот на ова истражување добро спиеле имале 15 бода повеќе на индексот на среќа од оние кои лошо спиеле. Личностите незадоволни од својот сексуален живот имале по 7 бода помалку од оние со квалитетен сексуален живот. Оние чии приходи биле зголемени за 50 отсто индексот на среќа го зголемиле само за 2 бода.

Фактори кои се поважни за среќа од приходите се: живот во силна заедница, сигожурност на работното место и здравјето на блиските.

Помалку важно било дали луѓето имаат или изнајмуваат стан и колку пријатели имаат на друштвените мрежи.

Истражувањето покажало и дека зрелите луѓе се посреќни од младите, а најсреќни се оние со мали деца. Луѓето во триесеттите и четириесеттите години од животот кои немаат деца се најмалку среќни.

Слични содржини