Сексот ми помага да бидам во кондиција за снимање

од Vladimir Zorba

Глумецот Чарли Ханам пронашол сериозен тренинг за да ја добие и да се подготви за улогата во филмот „Крал Артур, легенда за мечот”. Секој ден правел по 1000 стомачни, а кондицијата ја довел до перфекција. Тој откри уште една тајна како го одржува телото во топ форма. 

Вежбањето не му било тешко, бидејќи како што вели – „и така сум луд по вежбањето”. Часови и часови биле потребни за да се подготви за тешката улога во новиот филм.

„Работев напорно, но трудот се исплатеше. Тренерот ми направи силна програма со илјада стомачни дневно. На моменти беше многу напорно, посебно на почетокот” – вели Чарли.

Своето извајано тело глумецот вели дека „го должи” и на акциите во креветот.

„Водам љубов колку можам почесто. Сексот ми е важен дел од кондицијата”, изјави овој убавец, кој е во долгогодишна врска со дизајнерката Морган Мекнилс.

Слични содржини