Сексот трае во просек 5,4 минути

од Vladimir Zorba

Кога правиме нешто пријатно, времето како да лета, едноставно губиме идеја за него. Кога станува збор за секс, колку треба да трае тој? Дали два или еден час, а можеби само 20 минути?

Дури и сексот да е толку долг, што сме си го заборавиле името, многу веројатно е да немаме претстава колкава всушност била должината.

Па, колку време трае сексот? Или подобро кажано – колку време треба да трае?

Според популарна анкетата спроведена меѓу 500 парови кои го откриваат времето додека имаат секс во текот на четири недели, просечното време за актот е околу 5 и пол минути.

Да, на почетокот тоа изгледа навистина кратко, но дали навистина е така?

Интересна е анализата на огромното количество податоци кои покажуваат дека кај некои од паровите чинот трае 38 секунди, додека кај други определеното време е околу 44 минути.

Оваа огромна разлика дефинитивно е повод да се запрашаме дали всушност има “нормално” времетраење на сексот. Наместо тоа наскоро би требало да размислиме колку време би сакале да трае.

Сексолозите советуваат да не го мериме квалитетот на сексот единствено со должината. Поголемо внимание треба да одвоиме на чувството и задоволството што го носи и на двајцата.

Брзите сесии може да бидат доста задоволувачки. Од друга страна, долгиот и подолг секс може да создаде физички стрес и напнатост во мускулите и да наштети на нежното ткиво на женските гениталии.

Слични содржини