Села од говорница во Собрание: Не го негирам македонскиот идентитет

од Vladimir Zorba

„Имам информации дека токму вие сте тие кои го изготвиле ова перење на мозок. Мојата изјава е извадена од контекст, јас немам проблем со идентитетот на народите, како тие се чувствуваат поединечно, секој има право да си го каже својот идентитет. Никогаш не сум рекол дека Македонците се геноциден народ, тоа го кажавте вие. Истиот проблем го имате и со Грција и со Бугарија, вие најмногу треба да не сфатите во однос на прашањето за јазикот. Престанете со овој театар“, изјави Зејадин Села од Алијансата на Албанците, во одговор на барањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, да им се извини на македонските граѓани.

Тој додаде дека има предлог до пратениците – СЈО да стане уставна категорија заедно со специјалниот суд и сите пратеници да се откажат од имунитетот.

Според Села, заедничката декларација на албанските партии треба да биде испечатена и поделена на сите пратеници за да ја видат и да ги видат тенденциите кои се искрени и пријателски, а не закана за Македонците.

„Во 2015-та се сретнавме јас Али Ахмети, Еди Рама, Билал Касами и други во Поградец тогаш не ви сметаше што се сретнавме со Рама затоа што бевте на власт со ДУИ, ако ја немате таа слика тогаш ќе ви ја обезбедам. Албанија ви е соседна држава и ве поддржува немојте да имате дилема во тоа, и ги има најдобрите намери за никој да не ве блокира како што тоа го прави Грција“, рече Села.

 

Слични содржини