Села, Заев, Шеќеринска и уште тројца пратеници со повреди на главата завршија во Ургентен центар

од Vladimir Zorba

Радмила Шеќеринска, заменик претседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието вечерва е однесена во Ургентниот центар на скопските клиники. На Шеќеринска веднаш и е укажана лекарска помош, а поради повредите морало да се интервенира хируршки, односно раните морале да бидат шиени.

Шеќеринска во Собранието беше нападната од постар човек, кој насилно упаднал внатре, ја удираше и влечеше за косата. На снимките се гледа идентитетот на напаѓачот. И Шеќеринска е надвор од животна опасност, како и останатите пратеници кои се потешко повредени.

Најмногу повреден бече лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села , лидерот на СДСМ Зоран ЗАев, потпретседателот ДАмјан Манчевски, и други пратеници. Вкупно повредени се 60 луѓе од Собранието

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за Алсат М вечерва изјави дека утре ќе побара одговорност од сите ангажирани во Оперативниот штаб и зошто полицијата не реагираше на време.

-Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата денеска не ја заврши работата, рече Нухиу.

Слични содржини