Селин Дион не е заинтересирана за мажи

од Vladimir Zorba

Канадската ѕвезда Селин Дион сè уште тагува по својот сопруг, кој почина пред повеќе од една година. Таа призна дека сè уште не е подготвена за романтични средби.

“Мислам дека ќе тагувам до крајот на својот живот. Сега ми е премногу рано. Сигурно уште се чувствувам вљубена во Рене, мажена за него “, се исповеда 49-годишната пејачка пред The Sun.

Пејачката имаше 22 години среќен семеен живот со својот Сајмон Рене Анжелил. По долга борба со рак на грлото, тој си замина во почетокот на 2016 година на 73-годишна возраст. Двајцата имаат три сина – Рене-Шарл, Нелсон и Еди.

Слични содржини