Селмани: Заев не смее да покаже слабост пред овие мафијашко-удбашки структури во СДСМ и ДУИ

од desk2
Имав право кога пред неколку недели зборував за неодлучноста на СДСМ да коалицира со албанските партии. Тогаш бев обвинет дека сум бил неинформиран. Но ете испаѓа дека сум имал право иако не се дружам со партиски спинери. Началниците во СДСМ, сега отворено се против коалицијата со албанските партии.
largea_naser-selmani1445526517[1]
Денешната кобајаги анкета каде наводно огромен процент Македонци се противеле на албанската платформа, е директен притисок врз Заев да се откаже од идејата да формира влада со Албанците.
Ако Заев покаже слабост кон ова удбашко-криминална структура во СДСМ, ќе им даде крилја на комитско-лоповското крило во ДУИ, кои ќе добијат силно алиби да се свртат кон ВМРО. Заеднчка цел на овие криминални структури инструирани од сегменти на тајната полиција е да ја оневозможат коалицијата на СДСМ со ДУИ. Тие сакаат да продолжи статус квото преку формирање широка коалиција.
Тоа ќе значи испуштање на можноста земјата да им удри клоца на примитивните националисти, да расчисти со криминалот во врвот на системот и Македонија да остане надвор од НАТО и ЕУ. Заев не смее да покаже слабост пред овие мафијашко-удбашки структури во СДСМ и ДУИ.
Треба да гази напред кон формирање на влада преку храбрење на структурите во ДУИ што се против коалиција со Груевски. Победата му е на дофат. Има силна поддршка кај граѓаните и меѓународниот фактор. Против себе има мафијаши и силеџии кои неуспешно глумат националисти.
Ако Заев успее да ги преземе полугите на власта, големите патриоти од двете племенски заедници ќе се разбегат ко глувци! Од Заев никој не очекува да ја исполни целосно платформата на трите албански парти оти нема 81 пратеник во Собрание.
Преку платформата меѓународниот фактор ја тестира визијата на Заев и на СДСМ за во иднина, каде сакаат да ја однесат Македонија. Ако тој застапува слични националистички ставови како ВМРО, ќе упропасти се.
Неодлучниот Заев, ќе ги принуди странците да бараат партнер кај ВМРО. Ако тие мора да играт со националисти, тогаш најсигурна варијанта им е да играт со Никола Поповски, умерен националист, кој ќе биде промовиран за нов лидер на ВМРО и иден премиер. Со сигурност може да се претпостави дека Попопски, за да го сочува мирот во куќата, ќе ја услови прифаќањето на ваквата понуда со гаранции дека Груевски и неговите блиски пајташи нема да се гонат.
Ако Поповски формира влада со албанските партии, Заев уште пожестоко ќе биде на мета на истите структури, кои со друга аргументација ќе го обвинат што не успеал да ја донесе СДСМ на власт. Ако успее ваквото сценарио црно му се пишува на Заев, а Македонија ќе изгуби една извонредна шанса да стане нормална земја!
Насер Селмани
фејсбук статус

Слични содржини