Сем Алардајс од денеска и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентаија на Англија.

sem-alardajs-2

Алардајс кој е именуван на местото од Рој Хоџсон со Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) потпиша  две годишен договор.

 

Алардајс (61) го наследува Хоџсон со тешка задача, да ја врати довербата во селекцијата на „Гордиот Албион“ по дебаклот кој Англичаните го доживеаја на Европското првенство во Франција.

 

Алардајс како селектор на Англија ќе дебитира на 4 септември и тоа на гостувањето кај Словачка во рамките од квалификациите за СП 2018.

 

Изминатите девет месеци Алардајс беше тренер на екипата на Сандерленд, која успеа да ја остави и следната сезона во Премиер лигата.

Слични содржини