Семејствата на осудените во „Монструм“ бараат забрзување на истрагата од СЈО

од Vladimir Zorba

Семејствата на осудените во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковското езеро, бараат од Специјалното јавно обвинителство да започне со истрагите за целосно расветлување на случајот, пренесува Алсат-М.

211674

Бедри Ајдари апелираше до Катица Јанева, случајот „Монструм“ да стане нејзин приоритет бидејќи како што вели, неговите роднини и другите лица неправедно се во затвор. Ајдари вели дека досега од СЈО немаат повикано на сведочење ниту еден од неговите роднини.

„Информациите дека случајот е во предистражна постапка ги добивме од медиумите. Вие бевте и му поставивте прашања на СЈО за работата која ја сработиле во првото шестмесечје. Само тоа го имаме, немаме некое дополнително соопштение. Јас сум спремен, сум сведочел и ќе сведочам пред секој орган пред кој треба да сведочам“, вели Ајдари.

 Од друга страна, СЈО не дава детали околу тоа дали е започната истрага за „Монструм“. На прашањето на Алсат-М, од институцијата на Катица Јанева даден е општ одговор кои истраги ги иницирало СЈО.

Специјално јавно обвинителство:
„Продолжуваме да работиме на сите предмети, процесирајќи ги механизмите со кои располагаме, вклучувајќи го и предметот за кој сте заинтересирани. Но, не можеме да ви обезбедиме детали за дејствијата кои ги имаме преземено и кои ќе ги преземеме во иднина.“

Иако меѓу прислушуваните материјали не беа објавени разговори кои се поврзуваат со случајот „Монструм“, обвинителката Катица Јанева потврди дека поседуваат материјали кои ќе ги земат како основа за истрага. Барањето на Јанева го поддржаа и адвокатите на одбраната и од случајот „Сопот“.

Слични содржини