Телото на Дејвид Боуви е тајно кремирано, бидејќи легендарниот пејач сакал да отиде без многу врева, според информации на британскиот “Индипендент”.4593327

Боуви, кој почина во неделата, чуваше во тајност дека е болен од рак во последните 18 месеци од животот. Тој е кремиран во Њујорк, без присуство на семејството или пријатели кои ќе ги  слушнат неговите последни желби, според “Дејли Мирор”. Извор на весникот истакнува дека нема да има јавна комеморативна церемонија или какви и да е други официјални настани во чест на ѕвездата.

“На многу начини не е потребно такво нешто, за да го запаметиме Дејвид. Наместо тоа ја имаме неговата музика. Тој би сакал едноставно да исчезне без многу врева и фанфари “, вели друг извор на” Мирор “, близок до ѕвездата. Семејството на Боуви, на барање од “Индипендент”, не ја потврди, но и не ја ни негираше веста. Фановите на музичарот во последните денови организираа безброј помали комеморативни церемонии на различни места во светот.

Слични содржини