Семејството Кочан ги напушта менаџерските позиции во своите компании

од Vladimir Zorba

Сопругата на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, Асмира Кочан, се повлече од менаџерската позиција во фирмата „Трансмет лаб ДООЕЛ“, фирма ќерка на компанијата „Трансмет ДОО“, објави НоваТВ.

Денеска во централниот регистер е впишан промената во раководството во компанијата и тоа само неколку дена откако нејзиниот сопруг излезе од државата додека по него е распишана потерница за притвор, и тој е во бегство.

Нов директор на местото со Асмира Кочан во „Трансмет лаб“ е Селма Кочан, помлад член на фамилијата Кочан.

НОВАТВ при проверка во центарлниот регистер забележа дека Асмира Кочан е повлечена и од директорската позиција во телевизијата НОВА. Тоа го сторила минатата година, а периодот коинцидира со почетокот на предистражните дејствија за „Трансмет“ од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Повеќе тука

 

 

Слични содржини