Семинар за спонзоруши: Како да пронајдете богаташ и да го задржите

од desk3

– Што ако сакам да битам трофејна жена? запраша една жена од публиката во текот на семинарот, пренесува 24 часа.хр. Самопрогласената спонзоруша Clover Pittilla, која го држела предавањето и одговори: “Направи го тоа, следи ги своите соништа”.

Pittilla (21) е студентка по фармација која  ‘предавала’ на овогодинешното собирање на спонзорушите, организиран од страна на аплкацијата за средби “Seeking Arrangement”.

Апликацијата им овозможува на спонзорите да најдат спонзоруши по избор, без сексуални предрасуди.

Спонзорушите желни за знаење платиле по  150 фунти за да ги научат триковите кои ќе им помогнат да привлечат што побогат спонзор.

 

На крајот на семинарот организирана е забава, на која сите посетителки на семинарот имале прилика да ги испробаат новонаучените вештини. 

Bendon Wade (на сликата лево), oсновачот на апликацијата  “Seeking Arrangement”, истакнува како  ‘работниот однос’ има многу предности.

– Би рекол дека  се е во изгледот и колу пари кој има во новчаникот. Долготрајните врски мораат да се темелат на љубов и доверба. На мојата страница морате да бидете искрени. Морате да бидете брутално искрени за тоа што сакате во врската, кажа  Wade.

Natalie Wood (31), козметичарка, рече дека апликацијата ја користи неколку години:

– На сите оние кои би ме обвиниле би им рекла дека сакам само пари, да, работам на тоа што само го сакам. Ако сакам подобар живот и можам да го имам, зошто не би? Можеби се само љубоморни на мојот фантастичен живот, рече  Wood.

 

Слични содржини