Сенатори бараат од Ердогон ослободување на американскиот свештеник

од Vladimir Zorba

Шеесет и шест американски сенатори потпишаа писмо, со кое се повикува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го ослободи американскиот свештеник, кому му се суди во Турција под обвинение дека е поврзан со групата која извршила обид за преврат во 2016 година.

Свештеникот Ендрју Бренсон е обвинет дека дејствувал од името на мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Тој може да биде осуден до 35 години затвор.

Иницијативата за пишување на писмото е на сенаторот Том Тилис и на сенаторката Џин Шахин. Тоа е потпишано од 43 републиканци и 23 демократи.

Судскиот процес против Бренсон е една од причините за затегнување на односите меѓу Анкара и Вашингтон. Турција, исто така, настојува САД да престанат да ги поддржуваат сириските курдски милиции во северниот дел на Сирија.

Слични содржини