Сенатот на САД ја покани Црна Гора во НАТО

од Vladimir Zorba

Американскиот Сенат синоќа даде зелено светло за пристапување на Црна Гора во НАТО, која ќе стане 29-та земја членка на Пактот.

Сенаторите ја донесоа оваа одлука речиси едногласно – 97 гласаа “за” и само двајца “против” – што ќе им овозможи на претседателот Доналд Трамп да го ратификува пристапувањето.

САД ќе станат 26-та членка на Алијансата, која одобрила членството на оваа балканска земја. Останува  за тоа да  се добие зелено светло само од Холандија и Шпанија. “Многу сум среќна дека руската кампања за дезинформација, со цел да ја поколебаат Црногорците во врска со пристапот, пропадна”, изрази задоволство републиканката Сузан Колинс. Пристапувањето “испраќа порака за непоколебивост и решителност на Русија, која ги освојува соседни земји и се обидува да го  дестабилизира меѓународниот поредок”, додаде демократот Бен Кардин.

Слични содржини