Сенатот на Шпанија ги активира мерките за укинување на автономијата на Каталонија

од desk2

Во Мадрид на итната седница на Сенатот на Шпанија беше изгласано активирање на мерките од членот 155 од Уставот на земјата, со кој во голема мерка се укинува автономијата на Каталонија.

Сенаторите со 214 гласа „за“ и 47 „против“ како и еден воздржан го поддржаа активирањето на членот 155.

Да потсетиме, Владата на Шпанија минатата седмица донесе одлука за активирање на овој член, но за да биде легално мора да го потврди Сенатот. Тогаш предложи укинување на овластувањата на моменталниот претседател на владата на Каталонија.

Според овој член, парламентот на Каталонија и натаму ќе постои, но моменталниот состав ќе се распушти, а ќе се одржат предвремени избори. Исто така, парламентот не може да донесе одлука за инвеститорите ниту да ги одобри иницијативите спротивни на Уставот на Шпанија, односно за поголемиот дел одлуки ќе мора да гласа и Сенатот на Шпанија за да бидат легални.

„Знаеме дека нема да биде лесно да победиме, но ќе го направиме тоа. Демократите не смеат да дозволат да поминат неказнето оние кои прават прекршоци, не можеме да ги менуваме законите. Секој во Шпанија мора да ги почитува законите. Без права нема демократија, без демократија не постои соживот“, рече претседателот на Граѓанската партија Албер Ривера, која е опозициска партија и на денешното гласање за независност ја напуштија седницата.

Каталонскиот парламент премалку ја прифати декларацијата за независност.

Слични содржини