Комисијата за разузнавање на американскиот сенат се сврте кон поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми со барање да одговори на прашања поврзани со истрагата на руската интервенција во изборите за претседател на САД. Поканата до Коми е како за отворени , така и за затворени седници на комисијата, пренесоа агенциите.

Спомнуваме,  дека директорот на ФБИ беше отпуштен од претседателот Доналд Трамп со објаснување дека не се справува со работата.

Во минатата недела Коми доби слична покана за сослушување од комисијата за разузнавање, но не се отповика.

Според раководството на комисијата, сега ситуацијата е променета – по објавувањето на “The New York Times”, во која се истакнува дека Трамп побарал од екс шефот на ФБИ да ја  прекине истрагата поврзана со интервенција на Русија. Според весникот, ова е документирано во службените белешки на Џејмс Коми.

Во врска со публикацијата од комисијата се обратиле и до вршителот на должноста директор на ФБИ Ендрју Маккејб со молба да обезбеди службените документи на Коми, во кои станува збор за неговите контакти со Белата куќа и со Министерството за правда на истрагата на руската афера.

Заменик-претседателот на сенатската комисија Марк Ворнер вели дека го очекува одговорот на Маккејб во рок од 72 часа.

Правната комисија на сенатот исто упати кон него молба да обезбеди записите на Коми, барајќи ги и оние во кои се документирани неговите контакти со администрацијата на претседателот Барак Обама. Беше упатено и барање на Белата куќа да обезбеди евиденција на разговорите, предводени од Трамп и луѓе од неговиот тим со Коми.

Претходно претседателот на Комисијата за надзор и владината реформа кон Претставничкиот дом на конгресот Џејсон Чафец – претставник на Републиканската партија, побара ФБИ до 24 мај , да обезбеди информации за разговорите меѓу Коми и Трамп.
Тој исто така го покани Коми да одговори на прашања од членовите на комисијата на 24 мај.