Сензуалната Кендал Џенер со двојна корица

од desk4

 

Јасно е дека во модната индустрија има неколку луѓе кои главно носат тираж.

Две од нив се секако Џиџи Хадид и Кендал Џенр кои веќе толку пати ги гледаме на модна писта, во промотивните кампањи и на насловните страници на модните списанија,така што буквално стануваме од кревет и ги геладем нив.

Во случај дека да ги немавме во текот на мината недела, еве ја Кендал Џенер повторно и тоа на корица, овој пат двојна.

Сестрата на Ким Кардашијан е снимена за изданието од март 2018 година на корејското издание на Vogue.

За првата насловна бринетата се претставува во јакна и патики на Louis Vuitton, а како контрапункт на втората корица ја гледаме Џенер со дрско црвен кармин.

Голем дел од визите се токму на француската модна куќа, а особено впечаток прават кадрите, на кои Кендал позира со везени јакни, модерни фустани и сексапилни елеци во метални детали.

Кадрите од двојната корица за корејски Vogue можат да се видат во галеријата.

Слични содржини