Никола Груевски сепак преговара, и бетонираниот датум за избори веќе е разбиен со хилтите на САД и ЕУ. Очигледно е голем влогот кога ВМРО ДПМНЕ  мора  повторно  да се повлече и од овој по нивна мерка закажан датум за избори. Нема услови да се оддржат избори на 5 јуни , тоа е апсолвирано и од целата опозиција, и од албанските политички партии и од конструктивниот професионален дел на ДИК . Тоа му е јасно  и на самото раководство на ВМРО ДПМНЕ, врхушката околи Груевски , ама сега смислуваат како тоа да го спакуваат пред сопственото  членство. Станува мачно ама сега повторно  мора  преку своите ТВ мегафони  и пискарала да перат мозок дека странските служби, тоа чадорите и Заев се бељата,  а не нивните бељи фатени „живи“ токму од тие кои нивните пискарала јаво ги кабаетат.грујо

И додека граѓаните тераа празнични викенди ,преговорите задскриени од јавноста на големо се интензивираат.  Според тоа што го дознава локално.мк , од партиски извори на двете страни , главниот пазар сега е само аболицијата на Иванов. Тука е заглавена работата и Груевски тука најверојатно нема да попушти. Компромис о затвори и обвинувања од СЈО ќе нема, ама изборите  ќе се одложат уште еднаш. Проблематична е послушноста на Иванов кон  Груевски , не ја дава аболицијата, но поголем проблем е да се оддржат избори на 5 јуни.

На Груевски му било кажано отворено дека тие можат и да оддржат избор ,но прво ќе мора да оди сам со некои од неговите небитни привезоци,   ама тоа ништо нема да смени во нивната позиција. За возврат  ќе добијат само нов удар на санкции , не за цела држава туку поединечно тој и неговите, , од замрзнати конта по  странските банки до црни листи. Македонија и граѓаните  ќе останат  и натаму во криза и заглавени во меѓуграничниот простор пред ЕУ. Оваа состојба ,   рејтинг на Груевски и неговата тајфа од ВМРО ДПМНЕ, нема да им донесе, биле диретните препораки велат извори од преговорите.

По мегафонските симултанки на власта кој пратил писмо дали Хан или Орав ,а не за суштината на пораките од Брисел Хан пак се јави, колку да ги расчиси дилемите на Груевски:

 

хан ман

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан за Радио Слободна Европа изјави дека во Македонија е важно да се одржат избори кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница.

„Тоа значи дека мора да има чист избирачки список, мора изборите да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. Тоа е она што е важно во моментов“, рече Хан.

На прашањето дали договорот од Пржино се уште има иднина и покрај протестите во Македонија Хан вели: „Има. Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени, или малку подоцна. Затоа финалната битка е да има избори“.

Бејли контактира со партиите, Орав им пренел 7 препораки…

Главниот колаиционер ДУИ се очекува деновиве да го соопшти ставот дека нема услови за избори, и дека нема да оди на 5 јуни со ваков бојкот на целата опозиција.

Довчерашните колиционери на  вмрото на Груевски,  ДС и ДОМ прво одмана му се одметнаа и му свртеа грб,  а второ секојдневно испорачуваат нови и нови барања за смена на власта и кредибилни избори.

Демократите на Трајанов (ДС ) бараат не само свикување на парламентот туку и експертска влада која ќе ја доведе во поднсолив ред во  државата. Трајанов бара  , свикување на седница на Парламентот и одлагање на изборите, со што ќе се создадат услови за избор на експертска Влада (не политичка). Мандаторот да биде кандидат со високи професионални и демократски капацитет, без партиски багаж, кој ќе има слобода, да го формира Владиниот кабинет од професионалци, а министрите самостојно да ги формираат своите тимови, а потоа реформи на целиот системот, услови и избори за да се урне режимот на  владеење  на едно лице, и преко една изборна единица за цела држава , да се урне монополот на двопартизмот.

ДОМ се исто за фронт со целата опозиција и со СДСМ  и со менаџирање на кризата , и со кредибилни избори се дојде до мирна демисја на оваа   власт.Значи нема дилеми дека ВМРО ДПМНЕ останува сам.

Сепак , иако се гледа крајот, никој не е сигурен кои се последните потези на Груевски. Неговите следбеници велат дека ќе има изненадување и дека не е исклучено тој да побара уште една лоби средба со новите американски претседателки кадидати, колку за дебаланс на актуелното американското влијание на администрацијата на Обама, и не е исклучено во последен момент , се да откаже па  додека СЈО е блокирано , аболицијата сигурна  а рејтингот не е стопен , сам да тргне на избори.

Во оваа фаза на преговорите се вртат две опции, спојување на парламентарните со локалните избори, нивно порано закажување или избори на последната недела од септември или прва недела од октомври.

Заев вообичаено  ја следи агендата на пржинскиот договор, и препораките на гаранторите, и не сака да излезе од пакетот на оддржување на протестите, без отоврено да го повика членството на силни  и решавачки протести  колку за показ на силата пред власта.   Водството на СДСМ засега се покрива со  пржинскиот концепт ,но факт е дека  пазарењата не им се најсилна страна и отпосле осознаваат каде биле извозени од мангупааната на власта.

ДИК кои се единствените кои институционално можат да пресудат, имаатсамо еден зилез да го победат надгласувањето, оставки во знак на несогласување на повеќе од половината,  за што има голема  јверојатност, а пота Вељановски ќе мора да престане со драмолетката (НЕ)уставно.

Вељановски ќе си закаже седница тоа не е спорно , како што забележа Трајанов на последната прес конференција: .Ако тој може да дава изјави, да прима делегации, и да патува како претседател на парламент, а парламентот демек  распуштен, тогаш како што неговиот мандат е активен така и мандатот на сите пратеници не е завршен и собраниеот полноважно може да одлучува и да работи“.Фали уште како доказ да се пријави да ја предводи делегацијата за  Ватикан за денот на просветителите, па сите да се просветлат со неговата игра.

Парламентот ќе мора да се активира, не поради вољата на  Вељановски , туку поради ДИК и поради откажување на изборите , и тоа во текот на наредните денови  велат извори од преговарачкиот процес. Како и да е, не е се изгубено се додека има преговори, сосема сеедно директно со лидерите или со меѓународните посредници.

Слични содржини