Сепак има “оправдана” врска меѓу мажот, уапсен минатата недела во Германија,кој пренесувал во автомобил автоматско оружје и експлозиви, и атентатите во Париз, изјави Баварскиот премиер Хорст Зеехофер.

SL8

Има оправдана хипотеза за можна врска, посочи тој на собрание на ЦСУ.

Пред тоа полицијата во провинцијата Баварија потврди апсењето на 5 ноември на маж,кој пренесува скриени во автомобил неколку митралези, револвери и експлозивни материи.

Претходно денеска ,претставник на службата за кривичните дела на Баварија, иако потврди дека органите на прогонот на СРГ задржале во Баварија маж кој превезувал оружје и експлозиви, прецизира дека нема докази за поврзаност помеѓу него и терористите во Париз .

Радиостаницата “Бајеришер рундфунк”, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека полицијата во германскиот град Розенхајм, провинција Баварија, уапси 51-годишен Црногорец, кој може да е поврзан со терористите кои ги извршиле нападите во Париз. Оружјето и експлозивните материјали биле скриени во професионално направен дел во колата. Апсењето се случило при операција за борба против нелегалните превозници на бегалци.

Слични содржини