Серена Вилијамс бара помош за својот вереник на онлајн форум

од Vladimir Zorba

Тоа да си свршена за основачот на интернет портал, како Reddit си има свои предности и една од нив е дека секогаш има кој да ти даде совет. И ете, дека Серена Вилијамс користи со полна сила од тоа! Тениската ѕвезда одлучи да праша во форумот Mommit subreddit кога да си го спакува багажот за пораѓајот.

“Кога го собравте багажот за пораѓајот? Месец, 6 недели, 8 недели порано? Уште ништо не сум направила по прашањето, но мислам дека имам доволно време. Ќе бидам благодарна ако споделите за нешто што не сте претпоставувале дека ќе ви затреба во болницата “, напиша Вилијамс, која го очекува своето прво дете од Коосновачот на Reddit Алексис Онаниан.

Се разбира, нејзиниот “повик за помош”, не остана игнориран и доби стотици одговори и совети. Меѓу предлозите за предмети беа вклучени стрес топки, ќебиња, масло за бабешки гаќи, ластичиња, перница за доење, итн. Најоригиналниот предлог беше за тенис топка која млада жена ја користела за масажа и ублажување на болката при породувањето.

“Во часовите за родилки нè научија дека масажа со тенис топка во долниот дел на грбот ја ублажува болката и тоа беше единственото нешто што ме спаси … пред епидурална анестезија”, напиша една од учесничките во форумот.

Што се однесува до самото пакување, мислењата се движеа од месеци пред самото раѓање, до 5 минути по пукањето на водењакот.

Слични содржини