Серена Вилијамс ќе следи часови по родителство

од Vladimir Zorba

Американската кралица во тенисот Серена Вилијамс откри дека таа и нејзиниот вереник Алексис Оханјан одлучиле да се запишат на пренатални курсеви пред раѓањето на бебето. Веста 35-годишната ѕвезда во спортот ја соопшти во етерот на австралиското телевизиско утринско шоу “изгрејсонце”.

“Ќе го направиме тоa заедно… веќе сме возбудени, ова е нешто ново и за нас двајца. Ќе биде неверојатно искуство”, ја коментира Серена идната обука. Таа додаде дека намерно со нејзиниот свршеник се одлучиле да се приклучат на курсевите за идни родители само еден месец пред породувањето, за да може знаењето и вештините им да влезат директно во употреба.

Сепак не сè оди глатко за тенис шампионката која призна претходно оваа недела дека воопшто не може да спие. Таа дури и се обрати кон близу 9-те милиони свои следбеници на “Твитер” во потрага по совет како да се справи со вртењето во кревет во текот на ноќта.

Локално потсетува дека во април бременоста на американската тенисерка Серена Вилијамс стана вест, откако таа сподели фотографија на социјалната мрежа “Snapchat”, со која соопшти за очекуваниот среќен настан.

Слични содржини