Сериозни пропусти и на патот Прилеп – Градско

од desk2

Сериозни пропусти се детектирани и во изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, обелодени министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Пропустите се однесуваат во делот на трасата и проектната документација врз основа на која се гради делницата, но и во делот на плаќањето кое го врши јавното претпријатие за државни патишта. Проблемите се слични како оние кои се појавија на автопатот Кичево – Охрид“, изјави Сугарески.

Тој повтори дека изградбата на автопатот ќе чини за 120 милиони евра повеќе од предвиденото. Министерот најави дека со ребалансот на буџетот ќе се скратат расходи од ова министерство наменети за купување на мебел. Претходната влада предвидувала високи суми наменети за комодитет, посочи тој./24Вести

Слични содржини