Мислам дека прашањето за избори во Македонија, треба да се разбере како решение на политички проблем, и излез од кризата во кој се наоѓа земјата и јас верувам во тоа.сервер Работата е што СДСМ тврди дека изборниот механизам не е подготвен за изборите што требаше да се реализираат на 24 април и на 5 јуни годинава. Но, мислам дека тоа не е прашање кое со години треба да се дискутира. Важно е да има избори и изборен систем  во кој секој ќе верува, изјави американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Според него, „сите влади имаат опозиции и некогаш опозицијата е во граѓанскиот сектор. – Еве и ние поминуваме низ изборен период во САД. Има опозиција кон Обама и Конгресот од страна на Републиканците и затоа има опозиција која оди против Обама. Тоа се развојни процеси во демократското општество, особено кога се случуваат скандали со прислушкувања, затоа се случуваат и демонстрации, појаснува Сервер.

– Демонстрациите се дел од демократското општество коишто ги имаме секојдневно во Вашингтон. Некогаш тие се големи, а некогаш мали. Немам проблем со тоа што луѓето протестираат за да го искажат своето мислење, вели Сервер. 13293011_10154002788259733_1937927067_n-860x680 (1)

 

Тој со став дека Грција мора да ја почитува Одлуката на Меѓународниот суд на правада во Хаг.

– Да, Грција ја има прекршено Одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Неможе ниту една земја да направи нешто како што може тоа Грција да го направи., а тоа е да не го почитува словото на законот, односно законот и правдата. Таа не ја почитува одлуката на Меѓународен суд на правда, а која беше  во корист на Македонија. Едноставно Грција мора да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, вели американскиот експерт за Балканот.

Слични содржини