Популарната поп пејачка Северина го објави ќетвртиот синг од новиот албум под наслов „Каде за викенд“.


Спотот е сниман во Лос Анџелес, со мобилен телефон. Спотот го објави на својата Facebook страница точно на пладне.
„Ја обожувам оваа песна“, напиша Северина кратко.

За помалку од 15 минути видеото забечежа повеќе од 2.000 прегледи. Авторите на песната се Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ.

По три емотивни песни „Како“, „Отрове“ и „Мртов без мене“, Северина објави песна со побрз ритам и весели тонови. Како и во секој спот Севетина одушеви со изгледот, енергијата и движењата.

Слични содржини