Северна Кореја: Говорот на Трамп е кучешко лаење

од desk2

Севернокорејскиот министер за надворешни работи го нарече говорот на Доналд Трамп, претседателот на САД, во Обединетите нации, кучешко лаење.


Обраќајќи де на Генералното собрание на ОН во вторникот, Трамп рече дека „потполно ќе ја уништи“ Северна Кореја, ако таа претставува закана за САД или нивните сојузници, известува BBC.

Изјавата на министерот Ри Јонг-хо, е прв официјален одговор на Северна Кореја на говор на Трамп.

„Постои изрека која вели: кучињата лаат, а карванот си врви. Ако Трамп мислеше дека ќе не изненади со звукот на кучешко лаење, тогаш сигурно сонува“, рече Ри за новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.

На прашањето што мисли за тоа што Трамп Ким Јонг Ун го нарече „човек со ракета на самоубиствена мисија“, Ри одговори: “Жал ми е за неговите соработници“.
Ри пред ОН ќе се обрати во петок.

Слични содржини