Северна Кореја испали уште еден проектил кон истокот

од desk3

Северна Креја испали проектил недалеку од Пјонгјанг кон исток, јавуваат светските медиуми. Војската на Јужна Кореја и САД анализираат кој вид на проектил е во прашање. 

Јужнокорејските воени функционери соопштиле дека Северна Кореја испалила неидентификуван проектил од областа Сунан, кон исток, објавува CNN.  Jапонскиот јавен сервис NHK јавува дека проектилот го поминал севелниот остров Хокаидо и исчезна во Пацификот околу 2.000 км источно од Јапонија. Владата на земјата соопшти дека нема опасност за луѓето, пренесува  Gardijan.

Во Јужна Кореја свикана е итна седница на Совеот за национална безбедност.  До новото лансирање на проектилот дошло само ден отккао Северна Кореја упати нови закани кон Јапонија и САД. Пјонгјанг, всушност соопшти дека “нема повеќе потреба да постои Јапонија и дека САД ќе ги претвори во пепел и темница”. Советот за безбедност во понеделникот едногласно усои нови санкции кон  Северна Кореја после нејзините чести нуклеарни проби изведена на 3 септември. Севернокорејскиот амбасадор оцени дека новите санкции, на иницијатива на САД се “злосторнички” и го предупреди Вашингтон дека се подготвени да ги употребат “сите моќни средства” како одговор.

“Мерките кои ќе ги преземе Демократска Република Kореја на САД  ќе и ја нанесат најголема болка која до сега не ја искусиле во својата историја”, рече амбасадорот Tae Song Han на конференцијата во Женева.  Да потсетиме, дека извештајот на експертите на ОН покажа дека по две нукларни тестирања во 2016 година Пјонгјанг до август оваа година исфрли 14 балистички ракета, од кои  две меѓуконтинентални. Потоа е исфрлена ракета од среден домет над Јапонија во средината на август, додека нуклеарното тестирање, како што тврди Пјонгјанг, хидрогенската бомба фрлена е на почетокот на септември.

Слични содржини