Северна Кореја истрела уште една ракета, пробата неуспешна

од Vladimir Zorba

 

Северна Кореја изведе денеска уште една проба со лансирање балистичка ракета, но според американски и јужнокорејски експерти, тестот бил неуспешен.

Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата со среден дострел, од типот КН-17, испукана од регионот Пукчанг, достигнала височина од 71 километар, но се распаднала по само неколку минути во воздух.

По лансирањето на ракетата, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја не ја почитува Кина и нејзиниот претседател со тоа што врши ракетни проби.

Претходно, пред лансирањето на ракетата, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави на седницата на Советот за безбедност на ОН дека не е само на Кина да го решава проблемот со оваа земја.

– Клучот за решавање на нуклеарните проблеми на полуостровот не е само во рацете на Кина, потенцираше тој.

Денешната, неуспешна, проба е четврта која од почетокот на март ја извела Северна Кореја./МИА

Слични содржини