Северна Кореја пoвторно “пука”, итна седница на Советот за безбедност на ОН

од desk3

Северна Кореја испали нова ракета која ја прелета Јапонија. Токио издаде тревога. Советот за безбедност при ОН за денеска закажа вонредна седница.

  
Седницата на СБ на ОН ќе биде одржана зад затворени врати, а на неа инсистираа САД и Јапонија. Премиерот на Јапонија Шинзо Абе го осуди лансирањето на ракетата како “непромислен чин кој гази по желбата на меѓународната задница да се постигне мирно решение”. “Непромислениот чин на Северна Кореја е апсолутно неприфатлив” рече Абе.
Истовремено, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика сите земји да преземат нови мерки против режимот на Ким Џунг ун. Тилерсон рече дека резолуцијата усвоена во Советот за безебедност на ОН оваа недела “представува дно, а не плафон акција која треба да се преземе”.
Кина и Русија, истакна Тилерсон, “мораат да покажат нетолеранција на ова непромислено лансирање на ракета со преземање на сопствени директни акции”.
Што испали Северна Кореја?
Како што соопшти Јужна Кореја, во Пацификот е испалена балистичка ракета од областа Сунан во Пјонгјанг.
Јужна Кореја и САД ги анализираат деталите, уште не е познато кој тип ракета е во прашање, јавува ББС. Јапонија соопшти дека ракетата прешла преку нејзината територија и паднала во Тихиот океан. Јапонската телевизија НХК ги предупреди жителите на Хокаидо и Тохока да најдат засолниште бидејќи проектило прелетал преку Јапонија, односно воздушниот простор во близина на островот Хокаидо во 7,о6 часот по локално време.

Споиред податоците на војската на Јужна Кореја, ракетата паднала во Тихиот океан, 2.000 километри источно од Хокаида. Тоа значи дека прелетала пат од околу 3.7000 километри. Иначе од Пјонгјанг до островот Гуам, американска територија во Тихиот океан, има околу 3.400 километри. Режимот на Ким Џонг ун порано се закани дека ќе го гаѓа тоа острово.

Слични содржини