Шаја Лабјоф уапсен за хулиганство и пијанство

од Vladimir Zorba

Познатиот холивудски актер Шаја Лабјоф уапсен за хулиганско однесување и пијанство во американскиот град Савана, Џорџија.

Тој бил притворен, ноќеска во градот, каде бил во посета заради снимање. Покренатите обвинувања се за хулиганско однесување, пиење на јавно место и отпор при апсење.

Пуштен е под залог од 7000 долари. Ова не е прв судир со законот на 31-годишниот актер. Овој јануари тој беше уапсен за време на организирана улична акција во Њујорк против претседателот Доналд Трамп.

Тој беше уапсен откако нападнал човек. Лабјоф играл во такви филмови како “Трансформери”, “Нимфоманки”, “Бес”. Тој е познат и со скандалозните манифестации и акции, кои го привлекуваат јавното внимание.

Слични содржини