Ракометарките на ЖРК Вардар со победа над Металург од 34:28 (23:12) ја завршија сезоната во домашното првенство и со максимален учинок го освоија шампионскиот пехар. Во текот на целиот натпревар ЖРК Вардар беше во водство, кое сепак ракометарките на Металург го намалија во самиот финиш од дуелот.

vardarki-ako-stanat-evropski-shampioni-kje-dobijat-186.635-evra-254719

Шампионскиот пехар на капитенот Ина Суслина и го предаде генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија Филип Милошевски.

Најефикасна кај Вардар беше Олга Черноиваненко со 8 голови, додека Марија Николиќ од Металург постигна 9.

Плеј офот завршува во сабота кога треба да се одигра дуелот меѓу Куманово и Пелистер. Вардар е прв со 24 бодови, а Вардар јуниор и Металург имаат по 15, но составот на Вардар Јуниор е на второто место се бидејќи има подобра меѓусебна гол разлика.

За ЖРК Вардар ова е вкупно 4.та титула шампион на Македонија и сите се освоени од 2013 година до 2016 година./МИА

Слични содржини