„Протестирам против социјалната неправда и лошите политики за вработување. Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја дозакопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓанки и сограѓани како сопствени заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контра-протести, да чистат споменици и мора тоа да го прават за да не ја изгубат и така недоволната плата. Но, ние веќе не се плашиме. Се исправаме против овај режим кој ја создаде најдлабоката нееднаквост во регионот, протестираме и се спротивставуваме за да не дозволиме уште еднаш да се повтори вакво владеење.про(9)

Протестирам против „продавањето“ на нашите работнички како робје во текстилната и кожната индустрија со најниска минамална плата. #Протестирам против лошите политики за вработување кои избркаа 600.000 граѓани, а најмногу младите, од оваа земја. #Протестирам против вештачкото намалување на невработеноста со бришење на граѓаните од листите на Агенција за вработување.

#Протестирам за правда, еднаквост, слобода! Веќе не се плашиме и не се повлекуваме. #Протестирам до денот кога ќе има правда и ќе има мир!“, се наведува во денешниот повик на граѓансдката иницијатива, чиј протест почнува и денеска во 18 часот пред СЈО.

Протести денеска ќе има во Штип во 18 часот, Делчево 18 часот, Виница 18 часот, Велес 18.30 часот, Свети Николе 19 часот, Струмица 19 часот, Битола 19 часот, Ресен 19 часот и во Крушево во 18.30 часот.

Слични содржини