По половина час со протестен марш се упатија до народната канцеларија на претседателот Иванов лоцирана во центарот на Тетово. Учесниците на овој протест, велат дека нема да се откажат од протестите, се додека како што рекоа не замине криминалната власт на Никола Груевски.

– Наспроти поделбите кои ги прави актуелната власт, тука може да видите граѓанска Македонија, каде нема поделби по расна, етничка или религиска припадност. Само преку протести може да се победи оваа ненародна власт, нема да се откажеме, изјави еден учесник од протестот, организиран од иницијативата „Протестирам“.

slika kontra protestЕден час претходно здружението ГДОМ организираше контрапротест, кој започна од улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, а заврши пред седиштето на СДСМ. Учесниците на контрапротестот, истакнаа дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев мора да замине од политиката за, како што потенцираа, да се спаси Македонија.

– Зоран Заев мора да си замине од политиката и мора да се организираат избори на 5 јуни. На тој начин ние ќе го решиме проблемот ние самите граѓаните на Македонија, во спротивно ќе дозволиме друг да ни ги решава проблемите, изјави еден учесник на контрапротестот.

Демонстрантите и контрадемонстрантите и за наредната среда закажаа протести во Тетово./Мета