dik-oboen-860x676

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на НИП „Нова Македонија“, во која се наоѓаат просториите на Државната изборна комисија.

Тие порачаа дека во вакви услови, со ваков избирачки список, избори нема и не може да има.

Демонстрантите пред да почнат со боењето облекоа кабаници и запалија сигнални факели за да ги заштитат бојачите од камерите на полицијата, кои и овој пат ги имаше на првиот и на вториот кат и ги снимаа демонстрантите.

Претходно, насобраните им понудија кабаници и на припадниците од полицискиот кордон, но тие ги одбија. Во заднинана на бојадисувањето, на звучници се пуштаа дел од бомбите кои беа поврзани со наводните изборни манипулации.

На протестот насобраните порачаа дека се пред ДИК за јасно и гласно да и кажат оти избори во вакви услови не може да има.

„Оваа држава, се наоѓа на Земјината топка и не можеме да одиме на избори со ваков список. Над 300.000 лица се констатирани како сомнителни гласачи. Од нив само 80.000 теренски се проверуваа, а повеќе од половина од нив не беа најдени дома“, порачаа демонстрантите, и прашаа како гласачите од Пустец добиле лична карти и колку ги има.

Протестот традиционално почна пред зградата на СЈО, а на демонстрантите им се приклучи и поранешниот евроамбасадорЕрван Фуере, кој исто така порача дека нема услови за одржување избори. Од пред СЈО демонстрантите марширајќи покрај Собранието свртеа круг кон просториите на ДИК.

Протести  денеска се одржаа и во Куманово, Штип, Прилеп и во Крива Паланка./извор Мета

Слични содржини