„Шарената револуција“ повторно се враќа масовно на улиците, најавуваат од движењето. Дали преку протести или пак преку герила акции, демонстрантите секој ден до 18 јуни ќе одбојуваат додека не се исполнат нивните барања.  Од ова движење велат дека почнуваат пак по старо, односно со масовни протести низ улиците. За денеска е најавена блокада и засега не се прецизира на кои крстосници и улици.jana 1_1.preview

Барањата на активистите, за кои поставија рок се: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да запре прогонот врз демонстрантите, да се ослободат досега приведените од Шарената револуција и да се повлечат кривичните пријави од МВР.

Инаку, од Владата информира дека е започната постапка за проценка на штетите од протестите. За ова е задолжено Бирото за судско вештачење, кое во рок од  30 дена би требало да ја процени настаната штета во административните згради на државните институции, спомениците, плоштадите и другите објекти во земјава, кои беа цел на „Шарената Револуција“. Солидарноста на граѓаните за собирање на добровлни донации и средства за евентулана отштета, која ќе ја бара власта, и пркоси на одлуката која се очекува .

Слични содржини