Од солидарен настан, кој се одржа во „Кафе Бар Излет“, граѓаните покажаа што значи „заедно сме посилни“! За време на настанот беа собрани 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари, односно се вкупно над 955.000 денари, информираат од „Излет“ каде се одвиваше целодневниот хепенинг „Еден за сите, сите за еден“.

mkd-266885

Инаку, со донаторскиот настан се даваше поддршка и се собираа донации за подмирување на казните за демонтрантите од „Шарената револуција“. Од движењето потенцираа дека само во изминатите неколку денови само во Скопје се поднесени кривични пријави против 7 од најактивните граѓани – т.н. „шарени командоси“, за кои се очекува да добија огромни парични казни за боењето на „Порта Македонија“. Исто така, нагласија дека се поднесуваат прекршочни пријави против десетици други граѓани, а огромни парични казни за изразување на своето право на протест се очекува да добијат и демонстрантите кои се уште се во домашен притвор.

Слични содржини