Шарлиз Терон: Мајка ми го застрела татко ми

од Vladimir Zorba

Шарлиз Терон за првпат ја подигна завесата врз многу темна епизода од нејзиниот живот.

Актерката денес веќе подзаборавила на ужасот од ноќта во која нејзината мајка пукала во нејзиниот татко во нивниот дом.

“Тоа што  живеам во куќа со алкохоличар ме трауматизираше повеќе отколку самото убиство”,
отворено призна Шарлиз во интервју за Хауард Стерн.

“Не сакав да кажам на никого што се случи. И не му кажував на никого. Кој би сакал да раскажува
слична приказна? Ако некој ме прашаше, велев дека татко ми загина во несреќа”, рече Терон.

41-годишната добитничка на “Оскар” изјави пред Стерн дека почнала да посетува психолог во
крајот на 20-тите или почетокот на 30-те години. Тогаш сфатила дека непредвидливото однесување на нејзиниот татко пред инцидентот ја жигосало повеќе отколку самото убиство.

“Мислам дека она што ми остави подлабоки лузни беше како дете да живеам во куќа со
алкохоличар, да се будам наутро и да не знам што ќе се случи. Да не знам како ќе мине
денот, бидејќи тоа зависи од некој друг и од тоа дали тој ќе пие или не. ”

Шарлиз истакна дека има неверојатна мајка која ја инспирира.

Нејзината филозофија беше: “Сè случи нешто ужасно. Мораме да признаеме дека е
навистина страшно, но да направиме избор како ќе продолжиме напред. Ќе потонеме ли,
или ќе пливаме?”, Изјави уште актерката во искреното интервју.

Слични содржини