Шарлот: Уапсено лице осомничено за убиство на демонстрант

од Vladimir Zorba

 

Полицијата во американскиот град Шарлот, во Северна Каролина, уапси лице осомничено за убиство на човек кој учествувал на протести во средата навечер, изјави денеска началникот на полицијата во Шарлот, Мекленбург Кер Патни. neredi-sad

Демонстрантот кој во четвртокот им подлегна на раните, застрелан е кога жителите на Шарлот протестирале поради убиството на Афроамериканецот, Кит Скот, кого полицијата го уби во вторникот.

Во Шарлот три ноќи по ред се одржуваа протести, а демонстрантот е тешко ранет за време на втората ноќ.

Демонстрантите со протестите сакаат да извршат пристисок врз полицијата да го објави видеото кое можеби би можело да погне да се расветли убиството на Афроамериканецот

Слични содржини