Француската екипа Шартр втора година по ред е победник на меѓународниот ракометен турнир што се одржува во Струга.

Во финалниот меч на 45-тото издание на овој турнир ракометарите на Шартр го победија турскиот претставник Бешикташ со 29-26 полувреме 14-13.

Во дуелот за третото место Металург очекувано беше подобар од Охрид со 33-28 полувреме 15-15.

Шведскиот тим Алингсас во борба за петтото место убедливо го победи домаќинот и организатор на турнирот Струга со 46-18 полувреме 26-9

Слични содржини