Шефот на дипломатијата, Димитров, ќе оди на инаугурацијата на Вучиќ

од desk2

На инуагурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, како претставник на македонската влада, ќе присуствува министерот за надворешни работи, Никола Димитров, велат од Владата на Република Македонија.

Во интервјуто за српската државна телевизија РТС, Вучиќ најави дека на неговата инаугурација ќе присуствуваат македонскиот претседател Ѓорге Иванов и, веројатно, премиерот Зоран Заев.

Заев, инаку, најави дека првите средби на новата влада ќе бидат со земјите во регионот, а беше критикуван поради двете интервјуа за српски медиуми, во кои го нападна токму Вучиќ.

Слични содржини