Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас: „Ставаме крај на иредентизмот!„

од desk4

Шефот на грчката дипломатија,Никос Коѕијас, кусо по завршувањето на средбата во Давос и изјавите на премиерите на двете земји, се огласи на твитер.

Од Атина, Никос Коѕијас, посочува дека со надворешната политика, грчката влада става крај на иредентизмот, но конкретниот твит, е наменет повеќе за внатрешна употреба, односно во Грција се коментира како напад и критики до опозициската Нова демократија.

-Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност, а не со глупави инерции, напиша на твитер шефот на грчката дипломатија.

Слични содржини