Шеик ја оживува Титовата вила, станува резиденција

од desk2

Оние кои го памтат Јосип Броз Тито знаат дека сакаше да ужива во природните убавиини на поранешната СФРЈ, па затоа во секоја од шесте републики за него се градеа вили.


Една таква вила има на Власинско Езеро, која ја купи арапски шеик, и реши да ја реновира, пишува Б92.

Клучот за апартманот 107 не е со останатите клучеви од хотелските соби, туку покрај бистата на Тито на пултот кај рецепцијата. Апартманот за доживотниот претседател на СФРЈ има спална и дневна соба и тераса со поглед на Власинско Езеро.

Титовата вила изградена е 1952 година кога е завршена браната и наполнето Власинското Езеро. Покрај апартманот таму се и собите за послугата и обезбедувањето.

Четирите хотели од претпријатието „Европа“ меѓу кои и хотелот Власина пред една година го купи шеик од Катар. Во тек е комплетно реновирње на објектот кој ќе добие официјален назив Власина – Титова резиденција.

Власинското езеро се наоѓа на надморска височина од 1.230 метри и после Ѓердапското е најголемо во Србија.

Слични содржини