„Нашата голема цел е многу поважна од тоа кој каде е на листите. Има различни мислења но тоа не не загрижува, туку не прави задоволни, бидејќи нашата задаче е да промовирама мислечка и критичка политичка атмосфера а не тип на владеење, каде еден човек мисли и одлучува а сите аплаудираат“, е ставот на заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска во однос на бурните реакции во јавноста по објавувањето на пратеничките листи на опозициската коалиција.

Таа во емисијата „360 степени“ на Алсат-М, изјави дека забелешки за листите имало и во минатото, па дури и во 2014-та кога партиското раководство на СДСМ реши да не биде на кандидатските листи.

„Не лажевме и не создававме впечаток кога велевме дека ова не е задача за секој од нас како кандидат за пратеник, туку ова е задача како граѓани на оваа држава, да се смени власта, да се смени системот“, вели Шекеринска, коментирајќи дека провладините медиуми кој го диктираат критичкиот тон кон ова прашање на истиот начин би реагирале дури ако СДСМ на изборите би ги кандидирале Обама и Меркел.

Во однос забелешките на учеството на ДОМ и на Лилјана Поповска во коалицијата, Шекеринска истакна дека и таа лично можела да и забележи за тоа што на 24 декември, кога била насилно исфрлена од собраниската сала, Поповска не и помогнала.

 „Прва задача кога ќе влезете во политика е вашата суета па и личните впечатоци и агенди да ги оставите пред врата. Ние сакаме да испратиме порака дека секој што го напуштил режимот откако го видел неговото вистинско лице е добредојден. А, нејзината одлука да се повлече од листата е уште еден доказ дека во сето ова не сме влегле лично и за тоа колку водиме сметка дека политиката може да биде различна. Слично е и со Ферид Мухиќ со кого не се согласуваме по многу прашања, како и со ЛДП и со НСДП, но ние направивме широк фронт со една заедничка точка која сите нас не спојува- да падне криминалниот режим“, рече Шекеринска за „360 степени“.

Во 360 степени гостуваше и вицепремиерот за евроинтеграции кој во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој ќе го презентира Европската Комисија најави дека земјата ќе добие условена препорака а условот ќе биде спроведување слободни, фер, демократски и кредибилни избори. Инаку, Адеми соопшти дека ЕК размислува за промена на динамиката на објавување на Извештаите за напредокот на земјите кандидатки, според која, наместо наредната година, тие тие ќе бидат објавени дури пролетта 2018 година. Затоа Адеми смета дека е добро што ќе добиеме макар и условена препорака за да не мора да се чека следниот извештај од ЕК по цели 18 месеци Адеми не прецизира на кои странски земји мислел Ахмети со последната изјава во која слично како и Груевски и тој изјави дека некој од надвор работи на дестабилизација на Македонија кусо коментирајќи дека кога Ахмети зборува за надворешни центри, тој зборува за центри кои не и посакуваат добро на Македонија.

Слични содржини