Не може да има нов договор додека власта го погребува стариот. Затоа, пред какви било нови разговори беше потребно да се исполнат двата клучни услови, поништување на едностраната одлука за изборите и поништување на аболициите. Првиот се исполни со одлуката на Уставниот суд дека распуштањето на Собранието било противуставно, вели заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во интервју за МКД.мк. sekerinska(2)(3)

Таа вели дека опозицијата посакува избори оваа есен и сигурни се дека условите може да се исполнат, ама ако има политичка волја.

– Сите знаеја дека таа одлука е противуставна, ама на Уставниот суд му требаа неколку месеци за да „им текне“. Како и секогаш, профункционира „тефтер-судството“, за иста иницијатива по исто прашање, Уставниот суд донесе две спротивни одлуки.

Првиот пат тоа му требаше на ДПМНЕ за да продолжи со фалц-изборите, па Уставен ја одби иницијативата на Павле Трајанов. Вториов пат, на ДПМНЕ му требаше смоквин лист со кој ќе го скријат срамот за „распуканиот бетон“ и Уставниот беше тука за да им ја заврши валканата задача.

Но вториот услов сè уште не е исполнет. Срамната и незаконска одлука на Иванов за аболиција сè уште не е поништена. Иванов не го ни најавува тоа. Немаме дилеми, правото и правдата во Република Македонија мора да се вратат и да важат за сите подеднакво, а не селективно. Сè додека Груевски се држи за аболицијата како за појас за спасување од кривичен прогон, ние нема што да разговараме за следните чекори.

Оттука, логично е дека само по целосното поништување на аболицијата може да се отвори патот за политички дијалог или разговори за создавање услови за слободни, фер и демократски избори. За СДСМ, решенијата може да се бараат во рамките на принципите договорени во Пржино. Како што сите досегашни еднострани одлуки ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги погазија, така ќе ја погазат и последната еднострана одлука за укинување на техничката влада – вели Шекеринска.

На прашањето, дали ќе се врати СДСМ во Собранието и од што зависи одлуката за тоа, или пак, опозициското дејствување ќе се радикализира, таа вели:
– Опозицијата не го напушти Собранието, туку одлучи да не учествува во носењето закони со кои се „глуми“ решение. Тоа денес, една недела потоа, стана сосем видливо. Божем го сменија законот за помилување за да му овозможат на Иванов да ги поништи аболициите. Зошто ништо досега не поништил? Напротив, Иванов води смешен процес на бранење на аболицијата со историски светски заговори. Кој светски заговор е виновен што Груевски барал 16 милиони евра мито од странски фирми? Кој надворешен непријател го „буцкал“ Миле да води одмазднички акции кон македонски фирми и граѓани? Кои историски неправди се виновни за тортурите, злоупотребите и корупцијата на првенците на власта.

целото интервју тука 

Слични содржини