Шекеринска: На младите ќе им дадеме шанса, не на криминалци

од Vladimir Zorba

timthumb

Порачуваме – победуваме! Тоа го знаат и Груевски и Милошоски. Не требаше да ги чекаат митинзите. Доволно беше да погледнат неколку бројки. Да се сетат дека добија четири мандати, а што направија – 500.000 семејства се борат со сиромаштијата, 75.000 имаат блокирани сметки, 600.000 ја напуштиле земјата. Ама за овие луѓе нема крај,тие бегаат од одговорност, од казна од правда -рече Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа во Изборната единица број 5, на митингот во Охрид.

Таа се повика на приказната на охриѓанката Весна Дончевска, која добила отказ бидејќи не била партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ, за да направи паралела со она што го планира коалицијата на СДСМ.

– Е доста е! Кога велиме дека ова ќе биде држава која ќе им служи на граѓаните, значи ова: задачата на сите ќе биде да ги решаваат овие и ваквите проблеми и да им покажат на лиуѓето дека ќе бидат праведни. Судството ќе ги суди со разум и правда, здравството ќе ги лечи, образованието ќе ги учи децата, а не да ги преоптоварува – рече Шекеринска.

Таа потсети на програмата со која СДСМ и Коалицијата ветува дека ќе ги врати младите кои власта ги иссели.

– Младите заминуваат зашто никој во Македонија не им дал шанса. Но, шанса им се дава на таквите како Субрата Рој. Него го шетаа Груевски и Ставревски и му ветија се. Мислевме дека ќе има мед и млеко во Охрид. Но, што се случи? Години помина Субрата Рој во затвор, а неговите поддржувачи чекаат казна. Младите заминаа, зашто шанса се дава на белосветкси криминалци, на оние кои се криминалци. Да ја свртиме страницата, прва цел е на овие млади да им се даде шанса во Охрид и во Македонија. Со 10.000 евра за добра идеја. Со едно евро да отворат фирма. Ќе ги вратиме младите, зашто со 140 милиони евреа ќе го помогнеме бизнисот. За да можат да кренат глава од казни. Ќе воведеме пракса со која ниту еден од малите бизниси да се плаши повеќе од инспектор отколку од болест. Ги повикувам оние кои се мачеа од инспектори да им пишат најголема казна – рече Шекеринска. .

Шекеринска нагласи дека по 11 декември ќе чека да се види дали ќе има правда.

-Правдата ќе ги стигне сите што се огрешиле. За криминалот нема амнестија, за криминалците нема спас. Ќе има правда – рече таа.

Слични содржини