Шест македонски тенисери ќе настапат на фјучрс турнирот во Скопје

од Vladimir Zorba

  Вкупно шест македонски тенисери ќе настапaт денеска на фјучрс турнирот што се одржува на терените на „Теннис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Сите тие ќе ги играат мечевите од првото коло.

На теренот број 1 во 10 часот е стартот на мечот меѓу Бесир Дургути и Небојша Миленковиќ од Србија, по нив следува мечот на Горазд Србљак против Страхиња Ракиќ од Србија, а потоа е дуелот на Томислав Јотовски, кој е седми носител, против Лука Нарциси од Италија.

На теренот број 2 програмата ќе ја отвори (почеток 10 часот) Давид Мицевски против петтиот носител Клаудио Фонтана од Италија, потоа играат Стефан Мицов против вториот носител Максимилијан Нојхрист од Австрија, a последен е мечот на Димитар Грабул против Маурицио Алварез-Гузман од Чиле

Слични содржини