Шест терористички групи, финансирани од Катар, му се закануваат на Бахреин

од Vladimir Zorba

  Најголемиот град во Бахреин, Манама, во кој живеат околу 150.000 луѓе или една четвртина од населението во земјата, е под закана од шест терористички организации, финансирани од Катар, тврди арапскиот весник „Ашарк ал-Авсат“.

Владата во Бахреин го обвинува Катар за поддршка на терористичките групи „Сараја ал Аштар“, „14 февруари“, „Хезболах Бахреин“, „Сараја ал Мухтар“, „Ахрар Бахреин“ и „Бригадите на отпор“.

Во соопштението се наведува и дека Катар треба да биде казнет од цела меѓународна заедница, а не само во Персискиот залив и арапските земји.

Слични содржини