Шестата ALL WEB е закажана за 17 ноември

од Vladimir Zorba

 

Време е вашиот бренд да го однесете на ново ниво

Шестото по ред издание на единствената конференција која во фокусот ги има маркетингот и дигиталните комуникации ќе се одржи на 17 ноември во Скопје. AllWeb,како и секоја година претходно,ќе биде местото каде ќе се разговара за иднината и предизвиците во дигиталниот маркетинг, креирањето на содржина и       е-трговија.

Како што вели Дарко Булдиоски, програмски директор на конференцијата: “AllWeb и годинава ќе понуди квалитетни и инспиративни говорници.Отвораме нова голема и многу важна тема: е-трговија и преку неа и останатите теми ќе се обидеме на компаниите да им одговориме како најдобро да пливаат во денешното сложено маркетинг опкружување каде Интернетот се повеќе доминира“.

Говорниците се веќе потврдени, но засега откриваат само дел: Хајмо Хамер од Kraftwerk или како што го нарекуваат “Австрискиот господин дигитал“ за прв пат ќе застане пред македонска публика. Има работено на повеќе од 2000 кампањи за огласување и на повеќе од 2500 дигитални проекти за клиенти како Coca-Cola, Redbull, Unicredit, Lufthansa, Domino’sPizza, Opel и др.Исто така доаѓа и МатејЛончарич од Joomboos, кој ќе зборува за тоа како да создадете и да работите со YouTube ѕвезди. На барање на публиката, AllWeb на сцена го враќа и легендарниотШкотланѓанецДејвБирс, со неговите најнови проекти openforideas.org и rightthinking.co.

“И оваа година ќе имаме 15-тина говорници на сцена, чиишто имиња ќе ги претставиме во наредниот период“- додава Булдиоски. “За публиката можеби најважно е дека од денес почнува продажбата на влезници по супер специјална цена, во ограничен број и истите се достапни само онлајн на allweb.mk“.

Во публиката оваа година покрај луѓето од сферата на маркетингот ќе се вклучат и луѓето кои се занимаваат со е-трговија, но не само тие. Темите на AllWeb секогаш се избираат за да привлечат внимание и кај извршните директори и генералните менаџери, но и кај сите кои сакаат својот бизнисда го развиваат во склад со најновите светски трендови.

Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно ќе бидат дополнувани на allweb.mk.

Слични содржини