Шести работен ден oд бојкотот на наставата во средните училишта. Од денеска на бојкотот се приклучија и битолските средношколци од техничкото училиште.

download (1)

Учениците и денеска се пожалија на закани и притисоци особено врз матурантите од кои се барало да потпишат изјави дека ќе ја полагаат државната матура по новиот концепт.

Засега од Пленумот апелираат средношколците да не потпишуваат вакви изјави се додека не се сретнат со надлежните.

Од Средношколскиот Пленум очекуваат конечно да се случи најавената средба со првите луѓе од ресорното министерство пред кои ќе ги образложат нивните барања за стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура.

Според учениците, од евентуалната средба би зависело дали и кога бојкотот ќе се стави во мирување или целосно ќе биде прекинат.

Министерство за образование сè уште нема став што понатаму околу барањата на средношколците.

Сè уште немаме став во однос на бојкотот, денеска ќе разговараме со министерот па ќе ве известиме. Ваков одговор од портпаролите на министерот за образование денеска добивме на прашање дали министерот Адеми е запознаен дека две недели се случува бојкот во средните училишта и дали ќе ги повика средношколците на дебата.

Слични содржини