Шестмина полицајци се повредени откако се обиделе да спречат физичка пресметка помеѓу навивачите на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Пелистер“.

Битолските „Чкембари“ сакале да се пресметаат со штипската „Фаланга“ по фудбалскиот натпревар кој нивните тимови го играа вчера во Кочани и заврши нерешено.

policija-620x2641

„Автобус со навивачи на „Пелистер“, кој бил на заминување, застанал после поминати околу 100 метри и од него излегле околу 20-30 навивачи на „Пелистер“ кои се упатиле кон паркиран автобус на ФК „Брегалница“ и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот. Од страна на полициски службеници било интервенирано и спречени биле останатите навивачи да излезат од автобусот, но биле физички нападнати од поголем број на навивачи“, информираат од МВР.

Шестмина полицајци завршиле на лекарски преглед, а петмина битолчани на возраст од 18 до 40 години биле приведени во полициска станица.

 

META

Слични содржини